Достапни линкови

Груевски: Оценката на Светска Банка е валоризација за спроведеното


Веста од Светската банка дека Македонија има напредок во делот на реформите за создавање добра бизнис клима и за креирање бизнис е голем успех и сериозна валоризација од институција, која што нема политички пресметки кога ги прави овие рангирања туку оценува според направените реформи во делот на економијата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски денеска во Лондон по средбата со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хaг.
Тој додаде дека Македонија е трета во светот на листата на земји реформатори на Дуинг бизнис за 2012 година според спроведените реформи во последните 12 месеци и изби на 22 место на генералната листа на земји коишто имаат добра бизнис клима за правење бизнис.
XS
SM
MD
LG