Достапни линкови

Клинтон пристигна во Пакистан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Пакистан каде што се очекува да ја пренесе предупредувачката порака до властите да ги прекинат врските со милитантите кои ги напаѓаат локалните и меѓународните сили во Авганистан. Претходно Клинтон при денешната посета во Кабул изјави дека верува оти Талибанците се контролирани од пакистанските институции, имаат свое седиште во земјата и од таму спроведуваат операции. Таа додаде дека соработката со Пакистан по ова прашaње е од клучно значење за Авганситан.
XS
SM
MD
LG