Достапни линкови

Барикадите во Брњак отстранети


КФОР и ЕУЛЕКС ги отстраниле барикадите во близина на преминот Брњак и поставиле контролни пунктови за проверка на возилата. Ова за новинската агенција Бета го соопштиле од ЕУЛЕКС. Во заедничкото соопштение што го објавија КФОР и ЕУЛЕКС е наведено дека
целта на операцијата за отстранување на барикадите во Северно Косово е да се воспостави почитување на законот во овој дел од земјата. Откако лидерите на косовските Срби одбија да го прифатат ултиматумот за отстранување на барикадите, денеска изутрина силите на КФОР им се спротивставија на стотиците Срби на барикадите, составени од камиони, камења, земја и стебла од дрва, со цел да обезбедат слободно движење. КФОР соопшти дека некои барикади биле разурнати, а граничните пунктови се отворени. Во соопштението се наведува дека се случиле и помали инциденти, а неколку лица биле и приведени на кратко.
XS
SM
MD
LG