Достапни линкови

Меѓународните инспектори препорачаа Грција набрзо да ја добие следната транша


Мисијата на инспекторите на таканаречената „тројка“ од Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна Банка денеска препорача што поскора исплата на шестата транша од помошта за Грција, и покрај тоа што е забележена „многу загрижувачка“ динамика во движењето на јавниот долг, се наведува во предлог извештајот на „тројката“, јавува новинската агенција Ројтерс.
Во нацрт извештајот е наведено дека грчкиот економски раст се забавува значително побрзо отколку што очекувале но дополнителните мерки на владата ќе овозможат Грција во 2012 година да оствари намалување на дефицитот.
XS
SM
MD
LG