Достапни линкови

„Груевски испука торпедо кон Брисел“, „Наеднаш залади и во Скопје и во Брисел“, „Не е фер Грција да диктира, а Европа да асистира!“ - дел од насловите во весниците.

И како што обично бидува кај нас, секое чудо за три дена: пописот беше сторниран три дена пред крајот, дојде извештајот од Брисел, него го покри мега-интервјуто на премиерот Груевски за државната МИА, како одговор на Брисел. Што следува? Ќе видиме во деновите што доаѓаат.
Груевски испука торпедо кон Брисел.

Значи, „Груевски испука торпедо кон Брисел“, насловува Утрински, цитирајќи го премиерот дека „на Грција и играат ’пиперевка‘, а нам ни покажуваат колку се моќни“.

Нова Македонија забележува дека „Наеднаш залади и во Скопје и во Брисел“ плус „Јас не сум, јес мен“, со фотографија на Груевски на насловната.
Филе остро, Груевски уште поостро.

Филе остро, Груевски уште поостро.


Вечер вади наслов: „Не е фер Грција да диктира, а Европа да асистира!“.

Утрински ги објавува и реакциите по интервјуто на премиерот за МИА со наслов: „ДУИ молчи додека премиерот ја критикува ЕУ“.

И додека Утрински смета дека додека Извештајот дојде на дневен ред на собраниска седница, ќе биде заборавен, алудирајќи на одолговлекувањето на неговото разгледување во собраниските комисии, Дневник направи своевиден „бум“ објавувајќи од свои извори дека најновиот извештај за Македонија наводно бил полн со грешки, што, пак, и' послужи на Сител Телевизија половина дневник во средата вечер да го посвети токму на таа тема.
Наеднаш залади и во Скопје и во Брисел.

Само Утрински објавува информација од дебатата на интелектуалци, опозициски политичари и новинари кои сметаат дека на Македонија во услови кога премиерот ги кине врските со Унијата можеби и треба кризен штаб.

За веќе заборавениот неуспешен попис, Дневник објави дека СДСМ бара одговорност за тоа и за потрошените милиони евра народни пари, а дека ВМРО-ДПМНЕ обвинува за дволичност.

Инаку, во сите пишани и електронски медиуми без разлика кон каде инклинираат забележливо е зголемено интересирање и анализирање на внатрепартиските сосотојби во СДСМ, со акцент врз потребата од заминување на Црвенковски, користејќи го интервјуто на Владо Бучковски за Радио Слободна Европа каде што тој покрај другото детално зборува за потребата од демократизација на партијата.

Вечер од искажувањето на Бучковски вади наслов дека „СДСМ не е сериозна алтернатива на Никола Груевски“.

Во врска со немирите во Грција и блокадата на грчко-македонската граница од страна на цариниците кои штрајкуваат, Дневник забележува дека штрајкот е погубен за македонското стопанство, а Утрински дека досегашните блокади ја чинат земјава околу 15 милиони евра, но дека поради тоа што Македонија не е дел од ЕУ, немаме право на поплаки и на исплаќање на штета поради последиците од штрајкот.

Телевизија Алфа објави неофицијална информација дека германскиот сопственик ВАЦ ги продава трите весници: Утрински, Дневник и Вест, од кои Утрински важи за опозициски настроен. Наводно, новиот претендент за сопствеништво бил близок до власта.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG