Достапни линкови

Клинтон: Пакистан да стане дел од решението


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон побара од Пакистан да се приклучи во борбата против терористите и да стане „ дел од решението“ во конфликтот во соседен Авганистан. Таа по средбата во Кабул со авганистанскиот претседатал Хамид Карзаи изјави дека американската администрација очекува од пакистанската влада да преземе водство во борбата со милитантите во земјата но и да потикне помирување на авганистанските милитанти со авганистанското општество. Клинтон денеска ќе пристигне во Исламабад каде ќе се сретне со пакистанските цивилни и воени лидери.
XS
SM
MD
LG