Достапни линкови

logo-print

Турција жестоко возвраќа на нападите


Погребот на 24 - те војници што загинаа при нападот на Курдите

Погребот на 24 - те војници што загинаа при нападот на Курдите

Турската војска соопшти дека денеска испратила стотици војници во северен Ирак во напад на Курдите, како одговор на бунтовниците кои убија 24 турски војници. Во соопштението е наведено дека војската започнала голема копнена операција со 22 баталјони поддржан од воени авиони во пет различни места во Турција и во северен Ирак. Претходно ирачката влада соопшти дека ќе ја поддржи Турција и ги осуди терористичките напади на курдските бунтовници.
XS
SM
MD
LG