Достапни линкови

Ирак ја поддржува Турција во борбата со Курдите


Ирачкото министерство за надворешни работи соопшти дека ќе соработува со Турција за безбедноста во регионот, по нападите на Курдите врз турските војници. Во соопштението е наведено дека ирачката влада го осудува терористичкиот напад на Курдската работничка партија и дека Ирак нема да биде засолниште за терористички вооружени групи. Рекцијата од Багдад доаѓа откако денеска беа погребани 24-те турски војници кои загинаа при нападите. Во меѓувреме турски воени авиони и денеска продолжуваат да бомбардираат курдски цели во северен Ирак. Турските медиуми јавуваат дека од 200 до 500 курдски милитанти од северен Ирак навлегле на турската територија и нападнале воена база.
XS
SM
MD
LG