Достапни линкови

logo-print

Извештаи различни од реалноста


Извештајот на „Дуинг Бизнис“ покажува дека Македонија напредува како трета најподобрена економија во светот.

Извештајот на „Дуинг Бизнис“ покажува дека Македонија напредува како трета најподобрена економија во светот.

Никакви извештаи со високо рангирање на македонската економијата не се показател на реалноста во која се соочуваме со висока невработеност, сиромаштија, задолжување - економистите за извештајот на „Дуинг бизнис“.

Извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската банка не треба да се апсолутизира како готова вистина за состојбите во македонската економија, сметаат дел од упатените. Во услови кога Европската банка за обнова и развој ги промени предвидувањата за растот на македонската економија од 2,2 на половина процент, Светската банка, барем судејќи по извештајот „Дуинг Бизнис“ покажува дека Македонија напредува како трета најподобрена економија во светот оваа година.

Станува збор за
Тоа ништо не значи. Вие можете да почнете бизнис брзо и потоа да имате сто други проблеми за да го водите бизнисот.
десетина индикатори за работењето на компаниите, кои според универзитетскиот професор Никола Поповски се далеку од пресудните индикатори во економијата.

„Тоа ништо не значи. Вие можете да почнете бизнис брзо и потоа да имате сто други проблеми за да го водите бизнисот. Второ, да потсетиме дека и во самата Светска банка неколку години по ред многу високи и стручни луѓе укажуваат дека таа квалификација не е доволно релевантна, затоа што ако ја погледнете на неа доминираат држави кои со својот економски раст, со својот економски стандард, со перформансите на економијата, се многу лоши.“

Мора да се земат предвид и извештаите на други релевантни организации како Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија со цел да се добие реалната слика, вели Поповски:

„И на крајот на краиштата, никаков извештај за високо рангирање на Македонија не може да ја замени стварноста, дека невработеноста ни е над 30%, дека сиромаштијата ни е 30%, дека стапките на раст ни се „влечат“ околу 0 до 2-3%, извозот е на ниско ниво, имаме огромен увоз и трговски дефицит, имаме проблеми со финансирањето на државата, земаме надворешни кредити итн. Далеку од тоа дека показател може да даде некоја розова слика за економската состојба.“

Никаков извештај за високо рангирање на Македонија не може да ја замени стварноста дека невработеноста ни е над 30%, дека сиромаштијата ни е 30%, извозот е на ниско ниво, имаме огромен увоз и трговски дефицит, имаме проблеми со финансирањето на државата, земаме надворешни кредити итн.
За вистински успех потребни се добри економски перформанси, како на пример трговски суфицит наместо дефицит, смета бизнисменот Ристо Гуштеров:

„Главен индикатор за економијата во било која земја е суфицитот во надворешно-трговскиот биланс каде што државата ствара вишок на средства каде што може да го подобри стандардот на граѓаните, да дозволи полуксузен увоз, купувна моќ на производи насекаде во светот. Тоа засега во Македонија не се случува за жал.“

Листите кои се прават може да имаат одредено психолошко влијание кај потенцијалните инвеститори, вели Гуштеров:

„Но, не е решавачко, тоа не е реален одраз на ситуацијата во домашната економија во било која земја.“

Во последниот извештај на Светската банка земјава се искачи на ранг листата од 34 на 22 место.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG