Достапни линкови

Повторно масовни протести во Атина


Во Атина денеска продолжија протестите во рамките на генералниот штрајк во Грција против владините мерки за штедење кои денеска ќе се најдат во парламентот. Двата најмоќни грчки синдикати и за денеска организираат протести пред парламентот во Атина. Центарот на Атина и денеска е затворен за сообраќај, за зградата на парламентот ја обезбедуваат стотици специјалци. Вчерашните масовни протести, на кои учествувале околу 100.000 луѓе, прераснаа во нереди во кои имаше судири на групи демонстранти со полицијата, а беа ограбувани и продавници низ Атина. Демонстранти фрлаа молотови коктели, а полицијата возврати со солзавец и шок бомби. Нереди имаше и во Солун и во други градови во Грција.
XS
SM
MD
LG