Достапни линкови

Сингапур - топ дестинација за бизнис


Во годишниот извештај на Светска Банка, Дуинг Бизнис, повторно Сингапур е рангиран како земја во која е најдобро да се води бизнис. Другите 5 топ земји за бизнис се Хонг Конг, Нов Зеланд, Соединетите Држави и Данска. Во извештајот се набројуваат и 12-те земји кои најмногу ги унапредиле условите за водење бизнис во изминатата година и тоа – Македонија, Мароко, Молдавија, Сао Томе и Принципе, Летонија, Капе Верде, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските Острови, Република Кореја, Ерменија и Колумбија. Инаку, на последното 183-то место, или најлошо рангирана за водење бизнис е Чад.
XS
SM
MD
LG