Достапни линкови

logo-print

КФОР во обид да отстрани барикади на северот на Косово


Со над десетина возила, припадници на КФОР во текот на изминатата ноќ тргнале од базата во Ново Село кај Вучитрн кон Ибарски Колашин и кон преминот Брњак. Тие, како што јавува српската новинска агенција Бета, се обидувале да ги отстранат барикадите, а на два пати врз насобраните кососвки срби фрлиле и солзавец. Војниците ги предупредувале луѓето дека се наоѓале во зоната која е под одговорност на КФОР и да се вратат во нивните домови. На другите барикади на северот на Косово немало обиди на КФОР за нивно отстранување. Претседателот на Србија Борис Тадиќ ги повика КФОР и ЕУЛЕКС да се воздржат од употреба на сила, а локалните лидери на Србите во северниот дел на Косово да преземаат одлуки исклучително во интерес на граѓаните. До ова дојде откако лидерите на косовските срби и претставници на НАТО не се договорија околу бараикадите кои го блокираат пристапот до граничните премини Брњак и Јариње.
XS
SM
MD
LG