Достапни линкови

Клинтон ќе разговара со авганистанскиот претседател


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул. Како што информираат американските власти, Клинтон на средбата ќе ја потенцира американската подршка за политичко помирување во Авганистан и ќе ја потенцира важноста за подобрување на анти-милитантската соработка, посебно со Пакистан каде се верува дека многу милитанти имаат бази во близина на авганистанската граница. Посетата на Клинтон се случува откако Карзаи изрази фрустрации од преговорите со Талибанците.
XS
SM
MD
LG