Достапни линкови

Иран го оспорува извештајот на ОН за човековите права


Зградата на Обединетите нации во Њујорк

Зградата на Обединетите нации во Њујорк

Власта во Иран го оспорува последниот извештај на Обединетите нации во кој известувачот од земјата смета дека се зачестиле прекршувањата на човековите права во исламската република. Специјалниот известувач за Иран Ахем Сахед во својот прв извештај до Обединетите нации забележува дека повеќе од 200 погубувања се случиле во исламската република годинава. Во извештајот дополнително се забележува дека иранските власти извршиле повеќе од 300 тајни егзекуции во затворот Вакилабад, за кои не биле известени адвокатите и семејствата на обвинетите.
XS
SM
MD
LG