Достапни линкови

logo-print

Ѓул:Турција ќе го возврати ударот силно


Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска возврати на заканите од Курдската работничка партија и ги предупреди бунтовниците дека Турција ќе го возврати ударот силно. Тој изјави дека оние кои што мислат дека со нападите ќе ја ослабат земјата, треба да знаат дека одмаздата ќе биде многу голема и дека ќе претрпат штета неколку пати поголема од таа што ја прават. Турција се соочува со еден од најсмртоносните напади во изминативе години, откако курдските бунтовници убија најмалку 20-тина војници во југоисточниот дел на земјата во близина на границата со Ирак. Турската војска со поддршка на воени авиони спроведе напади во северниот дел на Ирак против курдските бунтовници.
Американскиот претседател Барак Обама ги осуди убиствата и ги нарече „срамен терористички напад“:
Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен исто така го осуди курдското бунтовничко насилство.
XS
SM
MD
LG