Достапни линкови

Курдите со силна закана за Турција


Турција ќе биде изложена на уште посилен удар доколку спроведува воени операции надвор од своите граници. Ова денеска го изјави портпаролот на Курдската работничка партија Ахмед Денис.
Курдските бунтовници денеска презедоа одговорност за нападите, тврдејќи дека околу 100 претставници на безбедносните сили биле убиени или повредени во овие напади. Турските власти соопштија дека во нападите загинале 24 војници, а 18 се ранети .
Турските медиуми јавуваат дека во моментов на ирачка територија се наоѓаат околу 500 припадници на турските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG