Достапни линкови

Грузија му заплени милиони долари на опозицискиот тајкун


Иванишвили

Иванишвили

Грузиската полиција запленила неколку милиони долари од банката во сопственост на милијардерот Биџина Иванишвили, кој неодамна соопшти план за да ја предизвика владата. Генералниот директор на банкарската групација Карту , Нодар Јавакишвили изјави дека полицијата запленила 2 милиони долари и 1 милион евра од парите на банката при рацијата што ја спровела во вторникот. Во соопштението од грузиската полиција е наведено дека голем износ на пари се запленети од банката поради истрага за сомнение за перење пари. Милијардерот Иванишвили претходно најави дека планира да формира политичка партија за да ја предизвика сегашната владечака структура на претседателот Михаул Сакашвили на парламентраните избори кои треба да се оддржат во 2012 година.
XS
SM
MD
LG