Достапни линкови

Чешка одби да екстрадира политичар во Белорусија


Судот во Чешка денеска донесе одлука со која го одбива барањето на Белорусија да го екстрадира опозицискиот лидер Алес Микалевич. Потпаролкта на судот Мартина Лотакова изјави дека барањето е одбиено затоа што кривичното дело за кое тој се обвинет е од чисто политички карактер. Микалевич беше претседателски кандидат минатата година во Белорусија. Тој беше уапсен на протестите по изборите на 19 декември и остана во притвор два месеци. По ослободувањето замина во Чешка.
XS
SM
MD
LG