Достапни линкови

logo-print

Кумановецот Звонко Китановиќ тврди дека и покрај тоа што редовно ги плаќал сметките за електрична енергија, неоправдано е обвинет дека крадел струја за што добил сметка од ЕВН дека должи 1.200 евра.

Звонко Китановиќ од Куманово е еден од граѓаните кој деновиве добил опомена дека на ЕВН му должи илјада и 200 евра, иако како што тој документирано покажува, редовно плаќал секој месец по илјада и 100 денари.

Неговото тричлено семејство живее од социјална помош од три илјади
Поминала некоја комисија од ЕВН и без докази, без законски регулативи, направиле дека сум крадел струја. Немам ниту еден киловат украдено струја.

денари, но како што вели Звонко струјата редовно ја плаќаат. Меѓутоа, долгот за кој вели дека не го направиле не може да го плати, не само затоа што нема пари, туку и затоа што смета дека е нереален, измислен.

„Поминала некоја комисија од ЕВН и без докази, без законски регулативи, направиле дека сум крадел струја. Немам ниту еден киловат украдено струја. Без да ме побараат мене и да видиме на лице место тие навеле дека сум крадел струја,само врз основа што виделе некој кабел кој одел до просторија во која не се наоѓа струјомерот.“

Звонко додава:

„Сакам да дојдат и да видиме дали навистина сум крадел струја или не, а не вака да ме клеветат дека сум крадел струја. Струјомерот е стар, не е сменет.“ Звонко Китановиќ смета дека долгот кој треба да го плати е нереален

Звонко Китановиќ смета дека долгот кој треба да го плати е нереален



Од ЕВН го советувале да пишува некакви изјави и приговори до Скопје, иако тој не може да плаќа затоа што долгот не е негов. Звонко е револтиран и вели дека ќе смогне сили и ако биде принуден ќе поднесе тужба против ЕВН бидејќи како што вели го направиле крадец, што за него е навреда.

„Немам ниту еден киловат украдено. Тие под итно нека ми испратат комисија да се утврди. На судот ќе им докажам, бидејќи јас имам само еден шпорет, фрижидер, ТВ приемник и една светилка. Зошто ми прават така, кога немам електрични апарати и немам потреба да крадам! Зошто вака кога редовно плаќам како секој граѓанин на РМ.“
Зошто ми прават така, кога немам електрични апарати и немам потреба да крадам! Зошто вака кога редовно плаќам како секој граѓанин на РМ

Друг кумановец исто така раскажува дека пред неколку години бил принуден да плати 620 евра иако не потрошил струја.

„Наводно сум извадил кабли, а тие тоа самите го правеле. Јас платив 620 евра.“

Кумановци раскажуваат дека ретко кој не добил некоја таква сметка која не ги шокирала. Имало случаи и дека три –четири месеци никој не живеел во објектот, а таксата редовно била плаќана, но им пристигнала сметка дека за еден месец била потрошена струја од околу пет илјади денари. Некои пак и покрај тоа што редовно плаќале сметки без опомена биле исклучени,а струјата им била вклучена откако платиле 500 евра, со поука од ЕВН дека откако ќе се докаже дека е грешка парите ќе им бидат вратени.

„Веќе два месеца речиси секојдневно имаме преписки со ЕВН во Скопје за да ни ги вратат парите кои ги позајмивме и сеуште ништо од тоа“, раскажува кумановка, која сака да остане анонимна и додава дека тоа за неа е голема навреда како редован плаќач на сметките, но и како граѓанин.

Во ЕВН во Куманово велат дека немаат официјален претставник за комуникација со медиумите. Но, неофицијално додаваат дека за сите граѓани кои добиле сметки поради кражба на струја тие имаат докази.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG