Достапни линкови

logo-print

Достапен кредит од 50 милини евра за малите и средни претпријатија од ЕИБ


Кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка намената за финансирање на проекти за средните и малите претпријатија стана ефективна со денешното потпишување на договорите за гаранција на заемот. Ова денеска го соопшти министерот за финасии Зоран Ставревски. Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со каматната стапка од 5,5 проценти. Висината на инвестициските кредити ќе се движи од 10.000 до 3,5 милиони евра со рок на отплата до осум години и грејс период од две години. Кредитите за трајни обртни средства ќе бидат од пет илјади до 670 илјади евра, со рок на враќање до три години и грејс период од шест месеци.
XS
SM
MD
LG