Достапни линкови

Брамерц нема да поднесе жалба на одлуката за процесот против Младиќ


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц денеска изјави дека нема да поднесува жалба на решението на судот, со кое се изјасни против поделба на процесот против поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ.
Судиите на Трибуналот минатата недела го отфрлија барањето на Обвинителството на Младиќ најпрво да му се суди за улогата во масакрот во Сребеница во 1995 година, а потоа за останатите воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG