Достапни линкови

Ердоган: Турција е во жестока потера


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е во „жестока потера“ откако курдските милитанти убија повеќе од дваесетина војници при напади во југоисточниот дел на земјата во близина на границата со Ирак. Ердоган не соопшти детали за операцијата за која рече дека е во границите на меѓународното право. Тој ја откажа планираната посета на Казахстан поради случувањата во земјата. Станува збор за еден од најсмртоносните напади во изминативе години. Турските медиуми јавуваат дека турските војници поддржани од воени авиони преземале акција во северниот дел на Ирак против курдските бунтовници.
XS
SM
MD
LG