Достапни линкови

Денеска истекува рокот за отстранување на блокадите во Северно Косово


Српските лидери од општините во Северно Косово денеска разговарат дали ќе продолжат со блокадите на премините и ќе им се спротивстават на барањата на КФОР или доброволно ќе ги отстранат. Речиси 20 блокади се поставени на патиштата во северниот дел на Косово. Барикадите беа поставени во јули со цел да ги спречат косовските власти да постават свои цариници на премините. КФОР двапати го продолжува рокот за отстранување на блокадите. Српските медиуми јавуваат дека српскиот претседателот Борис Тадиќ ги советувал жителите да избегнуваат конфротација со војниците.
XS
SM
MD
LG