Достапни линкови

Франција почна да ги повлекува војниците од Авганистан


Француските војници во Суроби

Француските војници во Суроби

Францускиот министер за одбрана Жерард Лонге изјави дека неговата земја денеска почнува со повлекување на своите војници од Авганистан. Тој додаде дека 200 француски војници кои се стационирани во базата во провинцијата Суроби во близина на Кабул ќе ја напуштат. До крајот на годинава треба уште илјада војници ќе се повлечат од авганистанките бази. Франција има 4 500 свои војници во Авгнанистан кои треба да ја напуштат земјата до крајот на 2014 година. На местото на француските војници ќе дојдат авганистанските.
XS
SM
MD
LG