Достапни линкови

Речиси 70 илјади луѓе протестираат во Атина


Грчката полиција соопшти дека речиси 70 илјади луѓе денеска излегле на протести пред парламентот во Атина против владините мерки за штедење. Масовни демонстрации се одржуваат и во Солун и другите градови. Во Атина полицијата употребила солзавец против група млади демонстранти кои фрлале молотови коктели за време на масовните демонстрации. Премиерот Јоргос Папандреу ја опиша ситуацијата во Грција слична на воена состојба. Во Грција е почнат 48 часовниот генерален штрајк кој го организираат Синдикатите против предлог законот за намалување на плати и отпуштање на државни службеници. Новите мерки земјата треба да ги спроведе за да добие нова транша од спасувачкиот пакет од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG