Достапни линкови

Илјадници демонстранти маршираат во Атина


Greece -- Protesters wave flags outside the printing offices of Greek power utility PPC in Athens, 13Oct2011

Greece -- Protesters wave flags outside the printing offices of Greek power utility PPC in Athens, 13Oct2011

Илјадници лица маршираат во Атина каде пред Парламентот и во центарот се распоредени 3 илјади полицајци. Имено, во Грција започна 48-часовен генерален штрајк, организиран од Синдикатите против предложениот владин предлог-закон кој предвидува намалување на платите и пензиите и отпуштање на државни службеници.
За предлог-законот ќе се гласа утре во Парламентот.
Покрај замрзнувањето на колективните договори и зголемување на даноците, предлог-законот предвидува префрлување на околу 30.000 државни службеници до крајот на годината во „работни резерви“, каде ќе примаат 60 проценти од платата.
Предлог-законот предвидува единствен модел за плати во државниот сектор, со што ќе се укинат досегашните бонуси и надоместоци.
XS
SM
MD
LG