Достапни линкови

Курдските бунтовници убија 24 турски војници


Турција - курдски немири, архива

Турција - курдски немири, архива

Најмалку 24 турски војници денеска загинаа во два истовремени напада од групи курдски бунтовници врз воените пунктови на југоистокот на земјата на границата со Ирак.
Според турската телевизија НТВ во нападите загинале 24 војници и полицајци.
Нападите биле извршени од неколку групи на Курдската работничка партија во Чукурџа и Јуксекова во округит Хакјари.
Турскиот Премиер Реџеп Ердоган поради инцидентите ја откажа посетата на Казахстан.
XS
SM
MD
LG