Достапни линкови

logo-print

Папандреу ги повика пратениците да ги поддржат мерките за штедење


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу упати последен повик за поддршка до сите пратеници од владејачката партија ПАСОК, кои се уште се двоумат во однос на новиот пакет мерки за штедење, за кои треба да се гласа утре. Тој ги отфрли шпекулациите дека Грција ќе биде принудена да излезе од еврозоната како резултат на кризата, која ја става Атина во позиција да зависи од помошта на меѓународните кредитори, за да избегне банкрот. Парламентот се очекува утре да гласа за оспоравуваниот нацрт-закон, кој предвидува зголемување на даноците, намалување на платите и отпуштања во државниот сектор.
Денеска и утре, пак, во Грција се одржува генерален штрајк организиран од двата најголеми синдиката.
XS
SM
MD
LG