Достапни линкови

logo-print

ЕУ: построга регулација за финансиска стабилност


ЕУ договори построга регулација на продажбата на акции и обврзници „на празно“ за да се намалат цените и им забрани на владите земање гаранции на обврзниците што всушност не ги поседуваат, за да придонесе за воспоставување на финансиска стабилност. По долга расправа, претставници на Европскиот парламент и на земјите членки на ЕУ постигнаа компромис за новите правила кои треба да ги запрат праксите за кои критичарите наведоа дека ја влошија финансиската криза и предизвикаа турбуленции на берзите.
Прописите, кои во наредните недели треба да бидат одобрени од Европскиот парламент и министрите за финансии на ЕУ, ќе стапат во сила во ноември идната година.
XS
SM
MD
LG