Достапни линкови

КФОР ќе го чека исходот од состанокот на Србите од северот на Косово


Ерхард Древс

Ерхард Древс

Командантот на КФОР генерал Ерхард Древс изјави дека ќе ги почека резултатите од денешниот состанок на претставници на општините од северот на Косово со мнозинско српско население и оти доколку нема позитивен исход, ќе преземе мерки за обезбедување на слобода на движење. КФОР е подготвен и решен да преземе акција за обезбедување на слободата на движење и ќе продолжи тоа да го прави на непоколеблив и непристрасен начин, се вели во соопштението од командата на мировните сили во Косово. КФОР нема да почне да ги отстранува барикадите на патиштата поставени од српското население се до завршувањето на состанокот, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG