Достапни линкови

Амнести: поддржувачите на протестите им продаваат оружје на режимите


Амнести интернешнел соопшти дека многу од земјите кои сега ги поддржуваат протестите на Блискиот исток, учествуваа во снабдувањето на оружјето употребено против демонстрантите. Во најновиот извештај Амнести ги анализира трансферите на оружје за Египет, Либија, Јемен, Сирија и Бахреин од 2005 година. Притоа се наведува дека меѓу главните снабдувачи со оружје на овие земји биле Русија, САД, Франција и Германија, како и Чешка и Бугарија. Амнести смета дека земјите мора да ја засилат контролата на извоз на оружје, за да се избегне ризикот тоа оружје да се употребува за кршење на човековите права.
Овој извештај доаѓа кога Амнести бара од американскиот Конгрес да ја блокира планираната продажба на оружје во вредност од 53 милиони долари на Бахреин, каде што безбедносните сили убија повеќе од 30 протестанти.
XS
SM
MD
LG