Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Оман


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува во ненајавена посета на Оман. Според официјални претставници, таа ќе му заблагодари на оманскиот лидер, султанот Кабос, за неговата улога во ослободувањето на тројца американски алпинисти од Иран. Се очекува тие да разговараат и за обвинувањето на Вашингтон дека Иран подготвувал заговор за убиство на саудискиот амбасадор во Вашингтон, што беше демантирано од властите во Техеран.
Клинтон во Оман допатува од Либија, каде што ја потврди американската поддршка за новите власти во оваа земја.
XS
SM
MD
LG