Достапни линкови

logo-print

Извештај за палестинското барање до 11 ноември


Советот за безбедност на ОН го усогласи работниот распоред според кој комитетот што ќе го разгледа палестинското барање за членство во Светската организација, извештај за тоа треба да поднесе до 11 ноември, соопштија дипломатски извори. Не е познато дали во тој извештај ќе биде содржана препорака за членство на Палестина. Според дипломатите, доколку во Советот нема консензус, бидејќи сеуште има голема поделеност за ова прашање, извештајот ќе биде само приказ на различни ставови.
XS
SM
MD
LG