Достапни линкови

ЗНМ ја осуди изјавата на Груевски


Здружението на новинарите на Македонија ја осуди изјавата на премиерот Никола Груевски, кој во денешното издание на интервју за МИА, го омаловажува новинарот Борјан Јовановски поради тоа што на денот на објавување на извештајот за напредокот на Македонија во 2011 година му поставил прашање на Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
ЗНМ смета дека во земја каде што се почитува слободата на медиумите не е вообичаено премиер да кажува кој е новинар а кој не, и да ги оценува прашањата што новинарите ги поставуваат во текот на нивната работа.Во соопштението на ЗНМ е наведено поставувањето прашања е основна алатка за работа на новинарите за добивање на информации корисни за јавноста и дека не е грев да се користат средствата на ЕУ бидејќи такви фондови користи и самата Влада.
XS
SM
MD
LG