Достапни линкови

Ракометарките во борба за пласман на ЕП


Македонската женска ракометна репрезентација почнува со натпреварите за пласман на ЕП во Холандија.

По две пропуштени Светски и едно Европско Првенство, македонската женска ракометна репрезентација утревечер почнува нова кампања за враќање на врвната меѓународна сцена. Овој пат ќе се бориме за настап на Европското првенство во Холандија, односно ќе бидеме дел од групата во чии рамки до јуни наредната година по два пати ќе се сретнеме со селекциите на Франција, Турција и на Литванија.
Очекуваме прва победа, први бодови и малку помирен пат во Турција на натпреварот со нив. Екипата е добро подготвена, владее добра атмосфера и сите се желни и подготвени за победи.

За пласман на собирот на најдобрите на Стариот континент, кој ќе се одржи по 14 месеци, треба да освоиме едно од првите две места во групата. Тоа, имајќи го предвид рејтингот и квалитетот на противниците, се наметнува како императив од кој не бегаат во националниот тим. Напротив и оттаму порачуваат дека целта е пласман на Еуро, а според селекторот Гино Стрезовски главен ривал во таа битка ќе ни биде репрезентацијата на Турција.

„Како и секогаш влегуваме со амбиции за пласман, овој пат имаме и сосема коректна група така што очекуваме успешни квалификации и пласман на ЕП во Холандија. Главен ривал на оваа група е репрезентацијата на Франција и според мене борбата ќе биде меѓу Македонија и Турција“, изјави Стрезовски.

Тој не се сомнева дека неговите избранички ќе се изборат за виза за Еуро. Тој оптимизам не му го намалува ниту фактот што на првите две средби, денеска против Литванија во Скопје и в недела против Турција во Анталија, од разни причини нема да настапат Кресоја, Илкова, Портјанко и Треноска. Нивното отсуство не е за занемарување, но кого го нема без него се мора и може, порачува селекторот и очекува тоа да се потврди уште утревечер во салата Кале, каде од 20 часот ќе ги одмериме силите со Литванија. Според рејтингот, во овој дуел сме
Како и секогаш влегуваме со амбиции за пласман, овој пат имаме и сосема коректна група така што очекуваме успешни квалификации и пласман на ЕП во Холандија.
фаворити, па затоа не доаѓа предвид ништо друго освен наш триумф, иако противникот не смее да се потцени.

„Далеку од аутсајдер меѓутоа очекуваме победи и на тоа одиме, за тоа се подготвуваме сериозно. Очекуваме прва победа, први бодови и малку помирен пат во Турција на натпреварот со нив. Екипата е добро подготвена, владее добра атмосфера и сите се желни и подготвени за победи“, додаде кормиларот на македонската женска ракометна репрезентација, која веќе три години, односно од ЕП кое во 2008-ма се одржа во нашата земја, не е присутна на најзначајните меѓународни натпреварувања.
XS
SM
MD
LG