Достапни линкови

Палестинците свечено ги пречекаа затворениците ослободени од Израел


Палестинските затвореници

Палестинските затвореници

Десетици илјади Палестинци со знаме во рацете ги пречекаа затворениците што ги ослободи денеска Израел во замена за слободата на изралескиот војник Гилад Шалид. Палестинскиот претседател Махмуд Абас на денешниот собир во својот говор ги опиша ослободените затвореници како „борци за слобода“. Портпаролот на Хамас соопшти дека тоа е победа на отпорот и победа за истрајноста. Договорот за размена на затвореници го постигнаа израелската влада и Хамас со посредство на Египет минатата недела. Израел денеска ослободи 477 палестински затвореници, а за два месеца ќе ослободи уште 550 во замена за војникот Гилад Шалит, кој беше заробен од Хамас во 2006-та година.
XS
SM
MD
LG