Достапни линкови

logo-print

Македонско-словенечка општинска соработка


Словенечката делегација во општина Куманово.

Словенечката делегација во општина Куманово.

Искуства, знаења и добри пракси од Словенија кои можат да се применуваат и во Македонија, беа теми на кои група градоначалници и бизнисмени разговараа меѓусебе.

Разговорите се одвиваа во Куманово при тридневниот престој на претставниците од „Срцето на Словенија“ во кое се обединети шест тамошни општини подготвени за партнерство во проекти за соработка во програмите на ЕУ, како и воспоставување економски врски помеѓу словенечките и општините од Североисточен плански регион.

Ние работиме се на едно место. Кога еден стопанственик ќе дојде кај нас може да ги добие сите неопходни услуги. Не мора да оди на повеќе места. Кога ќе дојдат странци кај нас тие добиваат работни дозволи. Ако можеме ние, можете и вие тука.
„Ние работиме се на едно место. Кога еден стопанственик ќе дојде кај нас може да ги добие сите неопходни услуги. Не мора да оди на повеќе места. Кога ќе дојдат странци кај нас тие добиваат работни дозволи. Ако можеме ние, можете и вие овдека“, вели Катја Шегедин, сопственик на приватното претпријатие ДАТА од Љубљана, која раскажува дека пред четири години кога почнале биле 12 вработени, а сега се 30.

А Санди Колар кој работи во хотелиерство смета дека нивната помош на нашите општини би била во:

„Вашите природни убавини какви ги имате многу, малку повеќе да ги покажете на светот, а не само нам од поранешните југословенски републики. Ние сме подготвени да помогнеме, само тука треба да слушнеме „да“.

Младен Протиќ од Североисточниот плански регион

Младен Протиќ од Североисточниот плански регион

Младен Протиќ од Североисточниот плански регион вели дека сите овие средби предизвикуваат заинтересираност кај нашите претставници од бизнис секторот.

„Имаше интерес за средбата, а потоа средба еден на еден од разни бранши, а вториот проект е со Литија од програмата Европа за граѓаните.“

РСЕ: Многу сте активни и постојано работите на проекти, но малку се видливи. Зошто?

„Ние видливоста за сега ја правиме преку веб страни, преку медиуми, се обидуваме со бизнис заедницата, но ние располагаме со средства кои ние ги бараме од донаторите од европските фондови. Ние не даваме кредити“, вели Протиќ.

Словенците ги посетија и бројните туристички локалитети од Североисточниот регион, Скопскиот саем, како и неколку познати и успешни фирми во Куманово и Старо Нагоричане.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG