Достапни линкови

Груевски се сретна со Емирот на Катар


Mакедонскиот премиер Никола Груевски денеска во Скопје се сретна со Емирот на Катар, Хамад бин Калифа ал Тани. Во соопштението од владиниот кабинет е наведено дека Груевски истакнал оти посетата ќе придонесе за натамошно унапредување на политичкиот дијалог со Катар . Tој изрази очекување дека оваа посета ќе даде посебен импулс на економските односи и соработката меѓу двете држави и разгледување на можноста за реализација на конкретните проекти за инвестирање во Македонија. Двајцата соговорници се договориле да се формираат заеднички тимови кои ќе работат на спроведување на конкретни активности за операционализација на инвестициските проекти е наведено во соопштението.
XS
SM
MD
LG