Достапни линкови

Амнести Интернешнл: Не смее да му се даде имунитет на Салех


Меѓународната организација „Амнести Интернешнл “ денеска соопшти дека транизцијата на власта во Јемен не смее да му овоможи имунитет на претседателот Али Абдула Салех поради обвиненијата за убиства и прекршување на човекови права. Во соопштението на организација чие седиште е во Лондон е наведено дека во договорот во кој посредуваше Советот за соработка во Заливот може да му даде „бланко имунитет“ на Салех и со тоа да се превенираат криминални истраги против одговорните за убиствата на стотици деминстранти во последниве неколку месеци.
Во меѓувреме најмалку 7 демонстранти се убиени денеска и десетици се ранети при судири со безбедносните сили во главниот град Сана .
XS
SM
MD
LG