Достапни линкови

Дачиќ апелира до КФОР да не преземаат насилни мерки


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска упати апел до КФОР да не преземаат насилни мерки на Северно Косово. Тој изјави дека барикадите не се поставени од криминални групи туку тие се начин за политичка борба и изразување на ставот на Србите кои не сакаат заокружување на т.н. независност на Косово.Дачиќ смета оти е потребно да се најде начин единиците на КФОР да се снабдуваат на тие премини, а таму да не одат косовски цариници и полиција.
Тој додаде дека Србите не сакаат судир, а ниту на КФОР и Еулекс не им е во интерес да живеат во непријателска околина и затоа е многу важно да не се случат инциденти бидејќи тоа може да има штетни последици за сите.
XS
SM
MD
LG