Достапни линкови

Клинтон во ненајавена посета на Триполи


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ненајавено го посети Триполи со цел да ги зајакне односите со новите власти во Либија. Американските власти соопштија дека Клинтон ќе објави пакет нови програми кои треба да ги зајакната односите меѓу двете држави , вклучувајќи американска помош за лекување на борците кои се ранети при востанието и програми за помош во трагање по оружјето од ерата на Моемер Гадафи. Посетата на Клинтон доаѓа за време на жестоките борби на Националниот преоден Совет со лојалистите на Гадафи во нивните последни упоришта Бани Валид и Сирт.
XS
SM
MD
LG