Достапни линкови

Конвој на КФОР стопиран во Брњак


Конвој на КФОР беше вратен назад на блокадите во северниот дел на Косово поставени од локалните Срби на премините. КФОР има даде рок до денеска на жителите доброволно да ги отстранат блокадите. Новинската агенција Франс Прес повикувајќи се на српски извор од локалната власт јавува дека конвојот бил стопиран на преминот Брњак и дека преставник на војниците се согласил да почека до утре пред да преземе каква било акција. Лидерите на локалните Срби одбиваат да ги отстранат барикадите но ги повикуваат Србите да се повлечат доколку КФОР преземат акција.
XS
SM
MD
LG