Достапни линкови

logo-print

Груевски е песимист дека наскоро ќе се реши спорот со името


Премиерот Никола Груевски е песимист дека наскоро ќе се реши проблемот со името доколку продолжи тактиката според него на неизбалансиран притисок на дел од меѓународната заедница. Тој смета дека Грција воопшто не се труди, неколку месеци одбегнува средби а тие што ги има се несуштински како онаа меѓу министрите за надворешни работи , чија цел беше Грција да покаже пред меѓународната заедница дека се труди. Ова го изјави Груевски во вториот дел од интервјуто за државната новинска агенција МИА зборувајќи за спорот со името. Тој додава дека економската криза во Грција и создаде многи подобра позиција во меѓународната заедница , поставувајќи се како темпирана бомба која за името не треба да трпи притисок. Груевски смета дека Унијата ако не не сака како членка почесно е да каже „Не ве сакаме“ или „Решете го проблемот со Грција па јавете ни се“.
XS
SM
MD
LG