Достапни линкови

ЕУ му го откажа гостопримството на Јанукович


Европската Унија ја откажа планираната посета на украинскиот претседател Виктор Јанукович на Брисел поради затворањето на екс премиерката Јулија Тимошенко. Маја Коцијанчиќ, портпаролка на шефицата за надворешна политика Кетрин Ештон, изјави дека посетата на Јанукович ќе биде реализирана кога ќе има услови за прогрес во билатералните односи. Јанукович задутре требаше да има средби со претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо.
XS
SM
MD
LG