Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Малта


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска е во посета на Малта за да им заблагодари на властите во таа земја за помошта за време на кризата во Либија. Клинтон оствари средби со премерот и со други претставници на Малта, која беше клучна земја за помош и евакуација од Либија, како и за прифаќање на либијските бегалци. Хилари Клинтон е прв американски државен секретар во официјална посета на Малта. На Малта во 1989-та година беше државниот секретар Џемјс Бекер, но во рамките на американската делегација на самитот со тогашниот советски лидер Михаил Горбачов.
XS
SM
MD
LG