Достапни линкови

Британија со предупредување до соседите на Либија


Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг ги предупреди соседните земји на Либија да не му овозможат засолниште на либискиот лидер Моамер Гадафи или на членовите на неговиот режим, кои се обвинети од страна на Меѓународниот кривичен суд. Според Хаг неговата земја ќе продолжи да помага во нивното пронаоѓање.
Хаг беше во посета на Либија поради назначувањето на нов амбасадор на Британија во земјата и притоа го покрена и прашањето за наводното малтретирање на затворениците од страна на новите власти кои го освоија Триполи во август годинава.
XS
SM
MD
LG