Достапни линкови

logo-print

Недостаток од кадар во кумановската болница


Болницата во Куманово.

Болницата во Куманово.

Таа опслужува околу 200 илјади пациенти не само од Куманово,туку и од соседните три-четири општини. Најавениот нов начин на работа, меѓу другото и специјалистите да работат во две или три смени не може на сите одделенија да се применува. Таму каде што може веќе се практикува, вели директорот Ариф Љатифи.
Последните години ни отидоа 14-15 специјалисти или во пензија или приватно.

„Недостасуваат интернисти. Пред неколку години беа 13, а сега се седум. На одделението за гинекологија исто така имаме седум, а имавме 12. Инфективното одделение работи само со четворица специјалисти, немаме доволно рендгенолози, педијатри. На Одделението за психијатрија имаме само еден психијатар, а во очекување сме еден специјализант да заврши и да дојде. До тогаш недостатокот се „покрива“ од лекар од неврологија, каде исто така има потреба од специјалисти. Последните години ни отидоа 14-15 специјалисти или во пензија или приватно“, вели Љатифи.

За намалување на проблемите со недостаток на лекари специјалисти, Љатифи објаснува дека од Министерството за здравство очекува укажување кои дијагнози,односно кои хируршки интервенции ќе бидат извршувани во кумановската болница, а кои ќе треба да бидат упатувани за Скопје.

„Тие интервенции ние задолжително ќе ги извршиме и ќе се организираме со постоечкиот кадар.“

За сменското работење, Љатифи вели: Ариф Љатифи, директор на кумановската болница

Ариф Љатифи, директор на кумановската болница



„Таму каде што има повеќе специјалисти ќе се работи во две или три смени или со дополнување на смена. Меѓутоа на Инфективното, на Психијатрија, на Детското и Нервното одделение уште се работи со дежурства.“

Сменското работење е новина и невообичаен начин на работа во здравството, но за Љатифи е најважно пациентите да бидат соодветно опслужени, а лекарите да си ги одработат прошишаните часови за еден месец.

РСЕ: Какво е тоа двосменско-тросменско работење?

„Такво има на Гинекологија и на други одделенија. Има двосменско и досменска работа.“

На Одделението за хирургија до неодамна имало доволен број хирурзи. Но, двајца од нив ќе заминаат на работа во Авганистан. Тие се субспецијалисти по траумотологија и по пластична хирургија, остануваат само седум, од кои тројца се над 60 годишна возраст. Според тоа и тешко се организира работата.
Не работат ни вака ни така. Имам многу лошо искуство со нив. И од Куманово и од Скопје. Треба да дежураат. Инаку, чекаш, треба да закажуваш. Здравството е во хаос!

Во кумановската болница има само тројца очни лекари, што не е доволно. Поради тоа нивното работно време е до 15 часот кога работат во амбуланта или извршуваат хируршки интервенции, а потоа ќе бидат на повик. На Одделението за уво, грло и нос има петмина специјалисти кои веќе почнале да работат во смени.

За ова запрашаните кумановци велат:

„Не работат ни вака ни така. Имам многу лошо искуство со нив. И од Куманово и од Скопје. Треба да дежураат. Инаку, чекаш, треба да закажуваш. Здравството е во хаос!“

„Тие треба повеќе да работат. Без нив не бива таму.“

РСЕ: Задоволни ли сте?

„Некогаш да, некогаш не.“

„Не ми се допаѓа кога одам тие на работа пијат кафе, не работат. И нивниот однос е индивидуален. Зависи кој лекар.“

„Би требало да дежураат. Главно сум задоволен.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG