Достапни линкови

logo-print

Училишта без вода


Село Могорче.

Село Могорче.

Проблемот со водоснабдувањето во неколку села во дебарскиот регион го попречува и образовниот процес, бидејќи и училиштата се без вода.

Прoблемот со водоснабдувањето во неколку селски населби во дебарско го попречува и правилниот воспитно-образовен процес бидејќи училишните објекти во најголемиот период од денот немаат вода. Могорче е најголемото село во општина Дебар. Тоа има над 2000 жители кои имаат секојдневни огромни проблеми со водоснабдувањето.
Со доаѓањето на есенските дождови состојбата се подобрува, но сепак проблемот е отворен. Проблем има селото, а со тоа и самото подрачно училиште.

Училишните објекти во селото каде што се школуваат околу 400 ученици со часови немаат ниту техничка вода, а да не зборуваме за вода за пиење. Оваа состојба влијае негативно како врз здравјето на учениците и наставниот кадар, така и врз образовниот процес.

„Во подрачното училиште во село Могорче има проблеми со водоснабдувањето. Со доаѓањето на есенските дождови состојбата се подобрува, но сепак проблемот е отворен. Проблем има селото, а со тоа и самото подрачно училиште“, вели Село Могорче

Село Могорче

директорот на основното училиште „Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти, Ќерим Далиповски, коментирајќи ја состојбата со водоснабдувањето на подрачното училиште во село Могорче.

Ние сме
Ние имаме направено повеќе пати обиди за да училиштето добие вода, но проблемот е во изворите кои се користат и резервоарот.
свесни за состојбата со водоснабдувањњето и во повеќе наврати имаме барано решение за водоснабдувањето на училиштето во оваа село, додава Далиповски, но според него до сега решение нема.

„Во врска со одржувањето на хигиената се снаоѓаме некако, бидејќи рестрикција на вода нема од 7 до 9 часот. Тогаш се полнат и големите канистери од по 500 литри. Ние имаме направено повеќе пати обиди за да училиштето добие вода, но проблемот е во изворите кои се користат и резерварот. Имаме контакти и со некои соседни куќи до училиштето кои имаат сами донесено вода од неколку извори, но сепак таа вода според нив не им стига ни на самите семејства“, истакнува Далиповски.

Селото Могорче прави обиди заедно со општина Дебар да го реши проблемот, поради кој големи проблеми има и училиштето. Доставени се повеќе барања за одобрување на проекти. Сево ова се случува во село Могорче кое е на самите падини на планината Маруша, на која според надлежните има доволно извори на вода, но средства нема.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG