Достапни линкови

Грција е парализирана поради штрајкови


Грција денеска е парализирана, стартуваше нов бран протести поради економските мерки за штедење, воведени од Владата во замена за одобрените кредити од ЕУ и ММФ за излез на земјата од должничката криза.
Државните службеници денеска го блокираа влезот во министерствата за труд, за финансии и за правда во Атина. Бродскиот сообраќај, царината, лекарите, пожарникари, банките стапија во штрајкови чија кулминација се очекува на 19 и 20 Октомври.
По четиридневен штрајк на државните медиуми, утре ќе им се придружат и приватните телевизиски канали и радиостаници. Овие два дена се очекува земјата да биде целосно парализирана
Премиерот Јоргос Папандреу повика денеска на единство и изјави дека почнала „најважната недела за Грција и еврозоната“. На 20 октомври во парламентот ќе се гласа за спорниот закон со нови економски мерки.
XS
SM
MD
LG