Достапни линкови

Русија демантира дека ќе ја шпионира Романија преку Србија


Русија денеска демантира дека информациите во медиумите дека центарот за итна помош во Србија ќе го користи како база за шпионирање на Романија каде што најверојатно ќе бидат поставени американските анти-балистички ракетни пресретнувачи. Ваквите информации се вратат во медиумите од пред две години откако рускиот претседател Дмитри Медведев соопшти дека Русија и Србија се договориле за изградба на заеднички објект на аеродромот во Ниш. Денеска на церемонијата за свечено отварање на објектот рускиот министер за итни ситуации Сергеј Шоигу изјави дека тоа е фабрикувана шпекулација.Станува збор за објект каде треба да се чува опрема за справување со итни ситуации како поплави, пожари и други природни катастрофи.
XS
SM
MD
LG